Ситуацијата во поплавениот југ на Србија е најкритична кај Бела Паланка, каде едно село е под вода.

Евакуирани се 32 лица од Доjeевац, 10 од Бела Паланка, осум од Бујановац, шест од Бојник, четири од Златокоп кај Врање, три од Пирот, две од Лесковац, едно од Димитровград и едно од Доња Трнава кај Ниш, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поради обилните врнежи од дожд, поројните и проблемите со водоснабдувањето, беше прогласена вонредна состојба во градовите Ниш и Лесковац.

Влада Племиќ од Секторот за вонредни состојби вели дека врнежи од дожд повеќе нема и дека реките на југот на земјата полека се враќаат во своите корита, но тој посочува дека 10.680 домаќинства се без електрична енергија . Вонредна состојба е во сила во неколку општини.

Евакуирани се 67 лица од поплавените згради.

Членовите на Секторот за вонредни состојби со специјализирани екипи за спасување и работа во вода, евакуираа 67 лица од зградите кои беа поплавени од порој.