Миладин Сувајџиќ викан Џура Мутави и Ненад Шаре кои биле помагачи на атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ живеат во САД со променет идентитет, дознава „Курир.рс“.

Тие од помагачи станале полициски соработници и откако ја завршиле работата српската полиција им нашла прибежиште далеку од родната земја.

Нив дури им е променет и личниот опис и живеат под друг идентитет. Работат некоја работа колку да се рече но службите потојано внимаваат на нив. Но, во Србија се водат како да не постојатм пишува „Курир.рс“