Полицијата на Косово во петокот соопшти дека уапсила четири лица осомничени за незаконска трансплантација и трговија со органи и соучество во извршување кривично дело.
За време на контрола на една приватна клиника во регионот на Приштина уапсени се четири лица, две жени и двајца мажи. Акцијата е изведена во соработка со други институции“, се наведува во соопштението.
По наредба на обвинител на тројца од уапсените им е одредено 48 полициско задржување, додека едно лице е ослободено по редовната процедура.
Comments are closed for this post.