Маж во состојба на потполна растроеност рано утринава сопрел автобус на градскиот превоз во Сплит и буквално го демолирал. За тоа време, патниците избезумено бегале низ автобусот и се криеле од стаклото кое се распрснувало.

Во видео снимката која се појави веднаш по инцидентот се гледа како мажот прво го корне бришачот од автобусот, а потоа со него почнува да удира по шофершајбната, а потоа и по страничните стакла. Во еден момент подивениот маж влегува во автобусот, го прашува шоферот „каде ми е картата“, а потоа излегува и продолжува со кршење.

Од полицијата напаѓачот го уапсиле на лице место. Со оглед на неговата состојба тој е префрлен во болница, каде е задржан на лечење. Кога ќе се создадат услови, врз него ќе се изврши криминалистичко истражување, информираат од сплитската полиција.