Габриел Ескобар, заменик помошникот на Државниот секретар на САД откри дека нивниот амбасадор се заложи за  решавање на прашањата со прекршување на човековите права на , на македонското малцинство во Бугарија.

Тој нагласи дека Бугарија има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување човековите права и правото на здружување на македонското малцинство и го праша Ескобар што прави американската влада да осигура дека Бугарија ги исполнува своите обврски како членка на НАТО, во врска со овие прекршувања на човекови права.

„Нашата амбасадорка во Софија, заедно со нејзините европски партнери, работи на терен да осигура дека овие проблеми ќе бидат адресирани. Нашето партнерство со европските партнери е засновано на вредности, не само на заедничкиот интерес, туку и на споделените вредности и сè што ја нарушува таа врска е причина за голема загриженост за нас“, одговори Ескобар.