Утрово ненадејно почина еден од најдобрите новинари на Балканот Мирослав Лазански. Според информациите на српските медиуми 71 годишниот амбасадор во Русија починал од срцев удар.

Лазански е вистинска легенда, воено политички новинар кој известуваше од сите воени конфликти во светот.Неколкупати има направено интервју со Владимир Путин како и со Башар Ал Асад.

Беше посебно врзан за Македонија бидејќи бил војник во Битола и често доаѓаше кај нас.