Претседателот Пендровски немал коментат за изјавата на министерот за одбрана на Србија Вулин кој му порача дека е подобро да си молчи.

Утрово на РТС беше објавена изјава на Вулин кој вели дека претседателот Пендаровски никој не го прашува не треба да коментира дали треба корекција на гранците меѓу Косово и Србија.

– Претседателот на Северна Македонија, може слободно да молчи на јазикот којшто никој, освен Србија не го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи бидејќи ниту некој бара, ниту му го прифаќа мислењето, порача Вулин.

Потоа следуваше изјава од претседателот Вучиќ кој за истата изјава на Пендаровски, рече дека Скопје прави се за да им се додвори на Германците, како најмоќна нација во ЕУ.