Топ тема во светот периодов е состојбата во Венецуела и превратот што се случува. Иако земјата богата со нафта има легитимен претседател Мадуро, тоа не го спречи опозицискиот лидер Хуан Гваидо на улица да се самопрогласи за претседател и веднаш да биде признат од страна на САД, Велика Британија, како и од Европскиот парламент.

„grayzoneproject.com“ пишува дека тоа вооошто не е случајно и дека планот за негово носење на власт бил скроен уште во 2005 година и тоа во Белград.

Тогаш во Србија пристигнале десетина студенти од Венецуела и од Срѓа Поповиќ од Канвас, експерт за Шарени револуции на светот да учат како се соборуваат власти.

Во тој период власта во Венецуела цврсто ја држи Чавез, но венецуелските студенти, потпомогнати од ЦИА се подготвувале да организираат протести и затоа дошле во Белград кај Поповиќ на тренинг и усовршување.

Првата акција било во 2007 година кога студентот Гваидо бил испратен во САД и ги помагал студентските протести наречени „Генерација 2007“.

Демонтрантите за време на протестите ги соблекувале панталоните и ги покажувале задниците во знак на незадоволство од актуелната власт. За тоа од САД добивале помош од 50 милиони долари.

Гваидо и неговите подджувачи подготовките ги правеле во Мексико каде обука им држеле членови на српската организација „Отпор“.

Гваидо избил во центарот на вниманието кога на последните парламентарни избори освоил 26 проценти од гласовите.

Кога од претседателот на САД добил одобрување дека ќе го поддржат за лидер ако се самопрогласи за претседател, Гваидо тоа и го сторил а веднаш стигнала поддршката од западните сили.