Дури 56 проценти од тие што си заминале од Србија тоа не го сториле затоа што немале работа – напротив, пишува денешен Блиц, тие дури биле и претприемачи. Во текстот се наведуваат пет причини зошто луѓето ја напуштаат Србија.

Според официјалната статистика, годишно земјата ја напуштаат 51.000 луѓе, а истражувањата покажуваат дека половината од нив не било причина што немале работа. На списокот на причини во истражувањето на Мрежата за работна поддршка, тие набројале главно пет.

Покрај ниските плати, наведени се уште четири болни точки – незадоволство од условите за работа и за живот, премногу обврски и одговорности за кои не се доволно наградени, желба да си обезбедат поголема пензија и на крајот можност од усовршување и напредување.

Плата најчесто не била причина за заминување од фирмата, затоа што многу имале повисока плата од просечната. Но има повеќе прашања, како на пример незадоволство од тоа што го работат, постапките на надредените, непочитувањето на прекувремената работа, правото на користење годишен одмор. Тоа се причини за промена“, вели Драгољуб Раиќ од Мрежата за работна поддршка.