Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ однесе убедлива победа на изборите во Србија.СНС на чие чело формално е Милош Вучевиќ ќе може самата да формира влада. СНС води и на изборите во Белград но таму ќе им треба коалициски партнер.

Што се однесува до Белград, Листата на Србија не смее да застане е прва со 38,5 отсто од гласовите, второ место со 35 отсто е Србија против насилството, трето место со 6 отсто е НАДА и 5,4 СПС и 5,1 Несторовиќ. Сигурен сум дека градоначалник ќе биде Александар Шапиќ, но очигледно е дека во Белград зависи од два фактори, со кого господинот Несторовиќ ќе сака да го формира мнозинството – рече Вучиќ.

Следните избори во Србија ќе бидат во 2027 година.