Панхеленската федерација на културните здруженија на Македонците и Пан-Македонските здруженија од Грција поднесуваат тужба против државата, односно против премиерот Алексис Ципрас и екс-министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас.
Тужбата се поднесува веднаш по протестот закажан за денес во Солун, против Преспанскиот договор, а во време кога во градот доаѓа Ципрас.
Тужбата се поднесува заради тоа што е загрозен „единствениот идентитет на Македонците“ (ова треба да се разбере од грчко-хеленистички аспект, односно дека Македонците се Хелени, а со тоа и Грци н.з.), прекршување на слободата за националано самоопределување и за кршење на принципот на еднаквост.
Претходно Советот на министри ја отфрли тужбата на овие организации поднесена заради Преспанскиот договор, а сега процесот е обновен.
„Мораме да ги искористиме сите правни средства за да го укинеме „договорот“. Ги повикуваме сите Македонци да ја поддржат тужбата против грчката држава претставена од премиерот и од министерот за надворешни работи“, се наведува во соопштението на овие организации.
Comments are closed for this post.