Оние со подлабок џеб со завршувањето на новогодишните празници сигурно размислуваат каде на зимување. Србија, Бугарија, Македонија или можеби Австрија или Италија.

Изборот е голем но српските медиуми коментираат дека токму планините во Србија годинава се едни од најскапите.

Па така за едно ноќевање во хотелите на Копаоник или Златибор ќе треба да издвоите од 70 до 120 евра.

Кога ќе се направи пресметка излегува дека за едно четиричлено семејство за еднонеделно зимување ќе треба повеќе од 1.000 евра