Косовската полиција го претресe имотот на Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, ко jaј организираше „акција“ во селото Бањска во која загинаа четири лица. Косовскиот министер за полиција Џељај Свечија објави фотографии од внатрешноста на вилата на Радоичиќ на брегот на езерото Газивода, нарекувајќи го Пабло Ескобар од регионот.

„Дури и од сликите што може да се видат, очигледно е дека не се работи за „борец за слобода“ туку за Пабло Ескобар од регионот. Под превезот на бранител на граѓаните, тој и неговите соработници станаа мултимилионери на сметка на законот, државата и другите граѓани. Затоа, неопходно е да се истражи местото на злосторството сите овие години на северот на земјата заедно со целиот имот на терористичката група“, заклучи Свечија.