Веселин Вукотиќ, водач на „шкаљарскиот“ клан и членот на кавачкиот клан Мило Илиќ се ликвидирани на ист начин во Црна Гора.

28-годишниот Мило Илиќ го паркирал својот џип пред обложувалница каде што редовно одел и се излгедало нормално. Кога си заминувал се упатил кон својот џип.Таму го чекал маскиран напаѓач со капа кој пукал во него.

Илиќ се обидел да избега, но бил сериозно повреден, а на неговото тело и на возилото беа пронајдени десетина куршуми.