Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата неодамнешна средба со папата Франциск го охрабрила да продолжи да ја брани традиционалната фамилија, иако двајцата имаат несогласувања околу имиграцијата.  

Според Ројтерс, Орбан, кој е на власт од 2010-та година, се претставува како спасител на унгарската култура од муслиманската миграција. Иако овој став му донесе популарност, Орбан се соочува со критики од групите за права и ЛГБТИ активистите.