Неслободата и малите плати се главната причина што луѓето бегаат  од Балканот, пишува австискиот весник „Der Standard“. Според нивната анализа, животниот стандард пред 30 години во овие земји бил многу поголем.

Најдраматична е состојбата во Хрватска каде досега се иселени 14 отсто од населението.Ова се поразителни бројки ако се знае дека европскиот стандард е 3,8 проценти.

Неколку автобуси дневно од Хрватска, посебно од Славонија ја напуштаат земјата и одат да работат и живеат најчесто во Германија.

Влезот во ЕУ и можноста слободно да патуваат и престојуваат само го зголемил егзодусот, пишува весникот.