Од почетокот на годинава пандемскиот грип Х1Н1 однесе 38 животи во Грција, а последната е регистрирана во Ханиоти.

Само во минатата недела од грипот починале 20 лица. Во исто време се хоспитализирани 168 лица кои биле пренесени на одделенијата за интензивна нег.

Министерот за јавно здравје Јанис Баскозос денес бил брифиран за состојбата со епидемијата на грип во Грција и на Балканот.

Починатите од грип биле на возраст од 25 до 90 години.