Од Дунав, со кран е извлечен потонатиот брод со јужнокорејски туристи, што во фатален инцидент настрада минатиот месец, јавува Асошиетед прес.

На местото каде на 29 мај се судри со поголем брод, огромен пловечки кран го префрли трупот на бродот „Сирена“, од кој истекуваше вода, на шлеп-платформа. Откако беше изваден од водата, на палубата беа откриени четири тела.

Порано беше потврдена смртта на 19 јужнокорејски туристи и на еден член од унгарскиот екипаж, а осум души се водеа како исчезнати. Сега бројот на жртвите порасна на 23, а четворица и натаму се водат како исчезнати. Само седум од вкупно 35 туристи, кои се наоѓаа на бродот во моментот на несреќата, беа спасени.