Генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер,кој денеска престојува во Тирана, во врска со изборнте реформи во земјата изјави дека ОБСЕ може да го олесни дијалогот меѓу партиите, но не може да донесе политички одлуки.

На заедничката прес-конференција со албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај, Гремингер рече дека на сите соговорници им кажал „што може и што не може да направи ОБСЕ“.

-Фокусот на нашите дискусии беше на изборната реформа и тука реков дека ОБСЕ во основа може да направи три работи. Можеме да донесеме техничка експертиза. Второ, можеме да ги потсетиме не само Албанците, туку и сите земји членки на ОБСЕ за обврските што ги имаат. Трето, да го олесниме дијалогот, да се создаде простор за дијалог. Ова можеме да го сториме. Она што не можеме да го направиме е да донесеме политички одлуки за чекорите што треба да се преземат во областа на изборните реформи, изјави Гремингер.

Се надеваме,нагласи тој, дека препораките на ОДИХР се сфаќаат сериозно.

– Она што не можеме да го направиме е да го избереме системот што земјата сака да го избере. Можеме да донесеме стручност и да го олесниме дијалогот. Важно е да се види што може ОБСЕ да направи и што не може да направи, рече Гремингер.

Албанја во 2020 годна го презема претседавањето со ОБСЕ, за што според министерот Цакај, земјата е целосно подготвена.