По серијата вчерашни земјотреси во централниот дел на Хрватска, земјата се тресеше и на островот Вис, јавуваат тамошните медиуми.

Како што пренесува „Вечерњи“, во 5:18 часот наутро хрватската сеизмолошка служба открила умерен земјотрес од 3,1 степен според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил на околу 10 километри западно-југозападно од градот Вис, со интензитет од 4 степени според скалата ЕМС.

Според хрватските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во јужна Далмација.