Додека во Грција трае последното пребројување на гласовите, во јавноста веќе е сооштен новиот кабинет на лидерот на победничката партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис.

Доколку нема некаков изнадување, официјално од утре за нов министер за надворешни работи ќе биде предложен Никос Дендијас (59), роден на Крф, правник по профсија, едуциран на Лондонската школа за економија, но во крвта конзервативен политичар. Беше министер за правда во вториот кабинет на Костас Карманлис, како и минситер за јавен ред во владата на Андонис Самарас.

За нас е интересно да видиме каков однос ќе има кон Преспанскиот договор и во однос на македонското прашање. Без дилеми –тврд, како и самиот Мицотакис. Неодамна, пред изборите, за државната телевизија, ЕРТ, даде интервју во кое рече дека како партија тие сакаат да направат измени во некои одредби од Преспанскот договор, преку преговори „со другата страна“.

Има прашања за јазикот или за националноста односно државјнаството, наречете го како сакате. Ние би сакале да ги подобриме тие нешта. Ние ќе се обидеме за тоа, затоа што имаме оружје во ЕУ во процесот на преговори“, изјави Дендис.

Според него во договорот има некои „историски решенија“, како на пример членот 7, кој го спомена како позиитивен пример.