Медиумите во Приштина ги објавија новите мерки кои ќе бидат применети за дисциплинирање на Србите во Митровица по воведувањето на високите такси за производи што доаѓаат од Србија.

Првата мерка предвидува целосно да се укине динарот во северниот дел како платежна валута.Српскиот динар сега се користи во деловите каде што живеат Србите и покрај тоа што официјална валута е еврото во Косово.

Покрај тоа, во иднина ќе мора пред сите државнит институции да се се вее косовското наместо српското знаме.