Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, за време на претстојниот дводневен состанок во Брисел, ќе го разгледаат нивото на нивната поддршка на Косовските безбедносни сили по трансфорамцијата во Војска на Косово, јави Танјуг.
Се уште не сме донеле одлука, но рековме дека ќе го процениме нивото на ангажманот на НАТО, бидејќи неколку сојузници сметаат дека одлуката за трансформација на КБС во Војска се случила во погрешно време, а некои од нив се разочарани поради воведените такси за стоката од Србија и Босна и Херцеговина – изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
За време на министерскиот состанок на НАТО, што почнува утре, пред разговорите за мисијата на Косово, ќе се разгледаат и други мисии на НАТО ширум светот со фокус на Авганистан и Ирак, како и операциите на море.
Членките на Северноатлантската алијанса на првиот ден од состанокот ќе разговараат и за односите со Русија во контекст на Договорот за нуклеарните ракети од среден достел (ИНФ), а состанокот ќе заврши со дискусија за соработката на НАТО со ЕУ и за зајакнување на улогата на ЕУ во Алијансата.
Comments are closed for this post.