Изложбата по повод 75-годишнината од ослободувањето на Источна Европа од нацизмот, што на 9 септември ќе ја прикажеме во нашиот културно-информативен центар, е подготвена во соработка со Руското историско друштво и е посветена исклучиво за запознавање на бугарското општество со материјали од фондовите на руските архиви. Многу од тие документи досега беа необјавени или неодамна декласифицирани и говорат за решавачката улога на Црвената армија во спасот на човештвото од фашистичката чума.
Ова е одговорот на Руската амбасада во Софија на соопштението, што по повод отворањето на изложбата го објави бугарското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението, меѓу другото, бугарското МНР напиша дека не може „да ги затвора очите“ пред фактот дека бајонетите на советската армија на народите од Источна Европа им донеле половина век репресии.
Но, со ова не завршува дипломатскиот скандал, како што го именуваат бугарските медиуми. Тие денеска пренесуваат информација за изјавата на Михаил Мјагаков, научен раководител на Руското воено-историско друштво.
Рускиот историчар ја обвини Бугарија дека го помагала режимот на Адолф Хитлер во текот на Втората светска војна, која сега сака да ја омаловажи улогата на Советскиот сојуз.
Мјагаков изјави дека Бугарија била дел од фашистичкиот блок, дека му помогнала на Адолф Хитлер во окупацијата на Југославија и Грција, а освен тоа и помагала на нацистичката армија со разни продукти и материјали. Според него, „историското слепило“ никогаш не придонесува за нормален развој на општеството. Рускиот историчар додава дека Советскиот сојуз и пружил огромна помош на Бугарија во обновата на бугарската економија. Заборавот, вели Мјагаков, значи да се изврши предавство на сеќавањето на претците.
Comments are closed for this post.