Во бугарските медиуми протекоа нови детали од најновата афера со објавените прислушувани разговори од седницата на раководството на Продолжуваме со промените на екс-премиерот, Кирил Петков. Сега во фокусот на вниманието се најде и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која имала телефонски разговор со Петков околу влегувањето на Бугарија во Шенген и евро-зоната.

Софиски Труд го пренесува делот, што Петков им го обелоденил на неговите сопартијци, токму во периодот кога ПП-ДБ и ГЕРБ ги започнаа преговорите за состав на новата бугарска влада.

-Ја прашав какви се нашите шанси да не примат, в ели Петков. Таа ми одговори:„За Шенген имате големи шанси. За еврозоната треба да најдете начин како да ги заобиколите правилата во смисла „да влезете во рамката“. Јас и одговорив:„Може ли да имаме инфлација, минус ефектот на Украина“?. Таа ми рече:„Не ме цитирајте, ќе се обидеме да ви помогнеме“.

Труд натаму вели дека никогаш нема да се дознаат точните зборови искористени и од едните и од другите, но оти овој запис исклучително многу потсетува на спорните услови со кои Грција влезе во еврозоната. Со помош на „Голдман Сакс“, Атина достави лажни податоци за да ги заобиколи критериумите за влез во евро-зоната. Тајната беше откриена за време на кризата во евро-зоната, кога точната статистика ја обелодени Андреас Георгиу. Сето ова остави голема трага врз германското јавно мислење, што во тоа време беше максимално вознемирено. Бугарија, која е веќе многу кревка, не треба да ги повторува истите итрини.