Грчките власти работат на отстранување на штетите предизвикани од синоќешното невреме на полуостровот Халкидики. До пред неколку часа во прекин биле сите телефонски и интернет комуникации. На повеќе места се уште нема струја.

Читатели на Пресинг Тв до редакцијата испратија фотографии од местото Неа Каликратија кое беше едно од најпогодените со невремето.

На полуостровот е прогласена вонредна состојба и се работи на санирање на штетите. Досега има информации за четворица загинати. Македонски туристи не се меѓу настраданите.