Високата европска претставничка за надворешна политика и безбедност побара од Косово да ги отповика мерките со кои царината за српските производи е зголемена за 100 отсто. Според Могерини дијалогот Белград – Приштина за нормализаација на одноосите минува низ големи потешкотии.

Една од причините, според неа, е одлуката на косовската Влада да воведе царини од сто отсто за производите од Србија и Босна и Херцеговина. Тоа, како што наведе Могерини, е спротивно на духот на соработка.