„Неверојатен предлог е даден од член на Потами (Река)“ за прашање опфатено со Прспанскиот договор, пишува денешна „Ефимерида“.

Зборувајќи за АНТ1, Спирос Данелис, парламентарец на Потами, во однос на Преспанскиот договор, вели дека „не би било лоша идеа некоја невладина организација да ја преземе наставата на македонски јазик за Македонците“.

„Договорот од Преспа става крај на неодговорноста“, изјави Данелис.

Парламентарецот на Потами, лиј лидер е Спирос Теодоракис, кој деновиве е во фокусот зашто со негова поддршка може да се ратификува Договорот за името, додава дека тој е одговорен за националните интереси, а тоа значи гласање за поддршка, каква што е и договорената партиска линија.

-Нема причина ние да го менуваме ставот – додава тој.