Бирото на грчкиот парламент гласањето за Преспанскиот договор го презакажа за утре во 15.30 часот по македонското време. Во меѓу време продолжи дебатата во парламенот под големи безбедносни мерки и политичка тензија.
Ако се суди според говорот на Киријакос Мицотакис, лидерот на опозициската Нова демократија, Преспанскиот договор утре ќе биде заверен од мнозинствотото парламентарци, со што ќе се отвори патот за членство во НАТО на Македонија, со новото име „Република Северна Македонија“.
Но, од тука Мицотакис најавува нов период на политички тензии и сопки. Во говор набиен со популизам и возвишување на Хеленизмот, Мицотакис истакна дека тој договор не смеел никогаш да се потпише. Го обвини Никос Коѕијас дека водел тајни преговори, зад очите на парламентот. За Ципрас дека е премиер кој ги напуштил црвените линии и политики кои ги воделе претхоно шест премиери, а Каменос го обвини за двојни игри.
Лидерот на НД обвини дека Македонија веќе прекршила два члена од Преспанскиот договор и најави што го очекува соседот во наредниот период, кога се очекува тој да стане премиер. Во моментов Нова демократија во анкетите имаме предност од 10 проценти пред СИРИЗА, па дури се очекува и апсолутна победа на наредните парламентарни избори.
Сакам да испратам јасна порака. Бидејќи грчките граѓани ми ја даваат довербата да станам премиер, македонскиот асоцијативен процес во ЕУ не е поврзан со Преспанскиот договор. Грција во целост ќе ги искористи сите средства што и стојат на располагање како членка на ЕУ. Едноставно кажано, Грција во секој момент ќе стави вето на процесот на приклучување на Скопје во европското семејство. Ова е наше право и кажувам сега за сите да слушнат, истакна тој.
Comments are closed for this post.