За време на неговиот говор на почетокот на расправата за гласање доверба на Владата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, порача дека од однесувањето и од добрата соработка со Македонија, ќе се прави оценката за патот на земјава кон Европската Унија.
Во едночасовното обраќање, Мицотакис кусо се задржа на грчката надворешна политика, споменувајќи ги Договорот од Преспа и односите на Грција со Турција.
На Балканот, како што имаме кажано во неколку наврати, приоритет е да се ублажат негативните последици од спроведувањето на Договорот од Преспа. А главната точка овде е развојната програма за северна Грција, заштита на македонските производи и голема меѓународна кампања за нашата Македонија. И сакам, одново да пратам една порака во и вон Грција: од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската унија – изјави Мицотакис.
Грчкиот премиер ја претстави програмата на новата влада, говореше за шест вистини, односно за приоритети во шест области, почнувајќи од намалување на даноците, приватизации, намалување на бирократијата, најави промени во здравството и образованието, промени во изборниот законик и давање можност за гласање на Грците кои што живеат во странство, вети поголема безбедност за граѓаните и слично.
Comments are closed for this post.