Господине Мицотакис, драго ми е што како премиер решивте да ја задржите националната линија за еден национално корисен договор, за еден историски договор што ја надградува нашата Македонија и ја надградува улогата на Грција во странство – порача лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, во неговиот говор, на првиот ден од расправата за гласање доверба на новата грчка влада.

Во делот од неговото обраќање посветен на надворешната политика, Ципрас се осврна на Договорот од Преспа при што ги спомена јавно изразените позиции на министерот за одбрана и алтернативниот министер за надворешни работи за време на нивното учество на конференцијата на „Економист“ и го праша Мицотакис, дали сега договорот е добар.

Господине Мицотакис, една и пол година, Вие и вашите членови бевте протагонисти во протестите за македонското прашање. Ги прифативте радикалните кои беа на протестите и многу пати го даваа ритамот на овие протести. Многу од вашите членови не нарекуваа предавници. Некои од пратениците на СИРИЗА најдоа насилници пред нивните домови, со бомби молотов, министерот за надворешни работи најде десетици заканувачки пораки со куршуми, а вие бевте предводник во критиката за предавнички договор. Сега е добар Договорот од Преспа? Ова го вели новиот министер за одбрана новиот и министерот за европски прашања – изјави Ципрас, нешто што беше поздравено со аплауз од пратениците на СИРИЗА.

Поранешниот грчки премиер истакна дека многу поважно од тоа што го велат министрите од владата е она што Мицотакис ѝ го кажал на Тереза Меј во телефонскиот разговор.

Според известувањето објавено од Лондон по вашиот телефонски разговор со британската премиерка, излезе соопштение во кое ја поздравува вашата заложба за целосно почитување на договореното во Преспанскиот договор иако Вие одбравте конкретниот дел да го цензурирате преку Атинската новинска агенција, која патем е под ваша одговорност. Го демантирате ова? Зошто го цензуриравте? Зошто го скривте? Тоа е fake news од Downing street? – праша Ципрас и му порача на Мицотакис дека „хипокризијата во политиката се плаќа“ и во иднина ќе се соочи со она што го направил и кажал за Договорот од Преспа.