Последниве неколку месеци во врска со злостортвата од страна на Рамуш Харадинај сослушани се околу 20 сведоци, Албанци и Срби. Сослушувањето е направено во најголема тајност на Северот на Косово или во Белград, пишува „Курир.рс“.

Ова се прави поради тоа што пред неколку години Харадинај беше обвинет од Специјалниот суд во Хаг како лидер на УЧК, а потоа ослободен поради недостаток на докази. Судот немаше докази поради што околу 30 сведоци како и нивните роднини беа убиени или мистериозно исчезнаа.