Во Грција на големо е ловот на гласови, а најверојатно идниот премиер, сегашниот лидер на опоизџицкста Нова демократија, Киријакос Мицотакис, ја објави во брошура својата визија за земјата, кја треба да се потпира на сопствени сили.

Мицотакис, кој ја предводи Нова демократија кон сигурна изборна победа, во моментов има предност пред Сириза на премиерот Алексис Ципрас од 9,5 проценти, во програмата има силен нагласок на националните прашања. Негов пример се Франција или Израел, кои имаат национални совети за безбедност, што ќе рече дека опозицискиот лидер посебно место и дава на армијата.

Но, како и во секоја торта, така и на оваа има цреша – таа се вика Македонија. Медиумите не посочуваат дали Мицотакис има посебен план за Преспанскиот договор, но тој јасно ја издвојува важноста на регионот Македонија.

Конечно, осмислуваме меѓународни кампањи за вистинска, вистинска Македонија на прво место. Тоа го правиме со цел да ја вратиме реалноста и да го промовираме „името Македонија“ и македонските продукти на меѓународна сцена“, се наведува во програмата.

Меѓу главните предизборни ветувања на Нова демократија се намалување на ДДВ од 28 на 20 проценти во период од две години и намалување на невработеноста од сегашните 850.000 на помалку од половина милион за период од четири години.