Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес го прими поглаварот на Грчката православна црква Иеронимус, а резултатт од таа средба е – дговорот меѓу Ципрас и Иеронимус за раздвојување на црквата од држвата веќе не постои.

Ова е едно од клучните прашања за грчкото опшетство, а конзервативниот Мицотакис сега целото прашање го враќа од почеток, со тоа што тој и дава посебно значење на црквата во опшетствениот живот на земјата.

По средбата, која е означена како „цермонијална“, е соопштено дека се разговарало за платите на поповите, кои претходната влада со договор ги стави на ниво на државните служебенци кои треба да плаќаат и даноци, за пензиите и осигурувањето на свештениците, за изучување на религијата во училиштата.

На средбата било заклучено под итно да почне дијалогот меѓу црквата и државата во рамки на посебниот комитет за тоа.