Одредени балкански држави потпаѓаат под влијание на НАТО против војата на мнозинството на своите граѓани, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во интервју за рускиот весник „Труд“.

Што се однесува до обидите за интеграција на сите балкански држави во НАТО, негативниот став на Москва кон тие деструктивни напори е познат. Затоа ја поздравуваме одговорната и суверена линија на Србија кон одржување на воената неутралност. Но, за жал, нема многу нејзини соседи кои можат да се спротистават на надворешниот притисок и против волјата на своите граѓани пристапуваат кон Северноатлантскиот сојуз, изјави Лавров.

Тој нагласи дека Белград останува водечки партнер на Русија во регионот на западен Балкан, но и дека Москва е отворена за развој на односите со сите други балкански држави.