Претседателката на третата по големина партија во Албанија, Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Криемади, смета дека состојбата со криминалот во земјата е алармантна. Таа на средба со известувачите на мониторинг заедницата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Андреј Хунко и Џозеф О`Рајли, додала дека Албанија во моментов „се наоѓа на најопасниот крстопат до сега“.

Владеачкото мнозинство и премиерот ја зграпчија реформата во правосудството, уништувајќи ја суштината и целта на реформата усвоена со историскиот консензус од 21-22 јули. Опозицијата ќе ја продолжи битката за враќање на правната држава и без никаков компромис ќе се бори против организираниот криминал и недозволената трговија – нагласила Криемади.

Таа ја посочила потребата од евидентирање на овие сериозни проблеми од страна на Советот на Европа, како клучна европска институција, која ја набљудувала и и помагала на Албанија во изминатите 27 години плурализам.

Партијата Движење за социјалистичка интеграција на Криемади, којашто е сопруга на актуелниот албански премиер, Илир Мета, е дел од обединетата албанска опозиција и е голем критичар на владата на премиерот, Еди Рама.