Премиерот на Албанија, Еди Рама, денес имал телефонски разговор со Белата куќа, објави Албаниан њуз.
За време на парламентарната сесија денеска, која беше бурна и на раб на потежок инцидент меѓу пратениците на влата и на опозицијата, тој соопшти дека чека телефонски повик, а Косово требало да биде главното прашање на разговорот со Џон Болтон, американскиот советник за национална безбедност.
Телефонски разговор со Белата куќа. Во фокусот Албанија, регионот и стратегиските вели за мировен договор меѓу Косово и Србија со кој ќе се затвори историскиот конфликт. Сопветникот Џон Болтон во име на претседателот Трамп ми се заблагодари за конзистентниот пристап на Албанија, изјави Рама.
Косовската јавна радиотелевизија (РТК) на својата веб-страница објави дека американскиот амбасадор Филип Коснет ја напуштил денешната средба со косовските лидери нервозен и им ја треснал вратата на излегување, јави дописникот на МИА од Приштина.
Повикувајќи се на сопствени анонимни извори, РТК тврди дека Коснет бил видно изреволтиран од некои изнесени ставови на средбата во врска со американското барање за укинување на таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина, што пред нешто повеќе од два месеци ја воведе Владата на Косово.
На оваа средба со претседателот Хашим Тачи, парламентарниот спикер Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај, амбасадорот Коснет јасно ставил до знаење дека постојат само два пата: Првиот, укинување на таксата, што значи останување на САД на страната на Косово до крај. Вториот, воведување веднаш санкции на САД кон Косово, што претставува сериозно наштетување на односите меѓу двете земји, тврди косовската јавна телевизија.
Харадинај денеска, по состанокот со Коснет, изјави дека не се исклучува неговата Влада да падне, доколку продолжат недоразбирањата меѓу коалиционите партнери за санкциите кон Србија.
Лидерите на најголемите партии од владејачката коалиција, премиерот Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово (ААК), претседателот на Собранието, Кадри Весели од Демократска партија на Косово (ПДК) и вицепремиерите Фатмир Лимај од Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и Беџет Пацоли од Алијансата Ново Косово (АКР), вечерва повторно се собраа на средба кај претседателот на државата Хашим Тачи.
Comments are closed for this post.