Црногорскиот пратеник Дритан Абазовиќ предизвика револт кај Албанците со изјавата дека нивниот национален херој Скендербег бил Србин. Тој тврди дека таткото и мајката на Скендербрг се Срби така и тој не може да биде ништо друго освен Србин.

Мора да се запре ова лудило. И децата во градинка знаат дека не можат да бидат Албанци оние чии татко и мајка се Срби-напиша Абазовиќ на Фејсбук.

Скендербег е роден како „Ѓерѓ Кастриоти“ во Кроја, денешна Албанија.
За своите воени заслуги, го добил званието „Искендер Беј“ споредувајќи ја воената умешност на неговото семејство со Александар Македонски