Албанската полиција објавила дека криумчари регрутирале мигранти да работат на илегални плантажи со канабис во Скрапер.

Во акција во која пред неколку дена уапсени се 16 лица и откриено 28 парцели на кои се одгледува марихуана, констатирано е дека организаторите ангажирале голем број мигранти, претежно од Блискиот исток, како би работеле на плантажите со марихуана.

Истрагата покажала дека поедини полицајци од Скрапер исто така биле вмешани во прикривање на криминалот.

Полицијата направила сники од воздух на кои се гледаат парцели со садници канабис.