Во Македонија постои заблуда дека нешто ќе се промени по изборите во Бугарија. Ова го изјави вицепремиерката и бугарска министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева во програмата на БТВ, прашана дали соседите од Македонија ги чекаат изборите во Бугарија за да ги решат своите проблеми со започнување преговори за членство во ЕУ.

Захариева коментира дека бугарското општество и партии имаат многу сличен став на оваа тема.

„Постои заблуда дека нешто посебно ќе се промени. Наместо тоа, ако се промени, може да се влоши за нив“, рече бугарската министерка.