Сопругите на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ се приведени завчера во новата истрага што полицијата ја покрена против оваа криминална организација за перење пари по налог на обвинителството. Покрај имотот вреден околу еден милион евра, кој е купен со пари од убиства и шверц на дрога, полицијата од нивните станови запленила неколку компјутери, хард дискови и флеш меморија во потрага по шифри со кои се криеле биткоини вредни околу 70 милиони евра!

– Се сомнева дека сопругата на Беливук и Миљковиќ, дел од валканите пари ги испрала купувајќи недвижен имот, а поголемиот дел го „обезбедиле“ со купување криптовалути. Според оперативните информации, се верува дека имаат меѓу 60 и 70 милиони евра на скриени сметки, пишува „Ало“.

При последната акција беа приведени сопругата на Беливук, Бојана, нејзината мајка Снежана Ѓорѓевиќ, сопругата на Миљковиќ Тања и Марија Милутинов, невенчаната сопруга на Филип Ивановски. По распитот биле пуштени да се бранат од слобода.