Ако до јуни не проработат комисите за историските прашања и властите во Скопје продолжат со фалсификување на историјата, Бугарија нема да даде согласност за започнување на предпристапните преговори со Северна Македонија, изјавил Андреј Ковачев, за Еуроактив Бугарија.

Тој соопштил дека до јуни ЕК има рок да изработи мандат за поечток на преговорите за членство на Скопје и Тирана. После тоа треба да се одржи конференција на која едногласно треба да биде донесена одлука за преговорите. Датум за таа конференција нема. Возможно е таа да следи при крајот на хрватското претседателство на Советот на ЕУ на 30 јуни, после што започнува германското претседателство, пишува Еуроктив.

От декември минатата година, комисиите не работат. Скопје тврди, пишува Еуроактив, дека тоа е поради закажаните избори во Македонија кои беа одложени поради кризата со корона вирусот.

„Ние сме против тоа комисиите составени од академици и историчари да прекинат со работа заради предизборната борба во Скопје. Тие се академици не политичари, искоментирал Ковачев.

Според Еуроактив, историчарите се договориле за средновековната историја, но разговорите станале проблематични околу личноста на Гоце Делчев.

Еуроактив истакнува и дека уште потешко ќе биде да се постигне согласност по прашањето за Втората светска војна и улогата на Бугарија.