Јошка Броз, најпознатиот внук на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, открива што му рекол неговиот дедо на смртната постела во Љубљана во 1980 година. Јошка вели дека бил покрај неговиот дедо до самиот крај и тогаш му рекол дека негова најголема грешка е што дозволил промена на Уставот од 1974 година.

Со тој Устав на републиките им се дадоа многу поголеми права што 17 години подоцна донесе војна и независност на Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и на Македонија.

Од една држава направивме осум мали и се почна да се распрачува.Тоа беше мојата најголема грешка-рекол Маршалот, а раскажува неговиот внук.