Сакам овде, на ова место, да се потсетиме на зборовите на чуварите на бугарскиот фолклор – браќата Константин и Димитар Миладинови, дека Бугарите ги излеваат своите чувства во песните и во нив наоѓаат и духовна храна и забава.

Затоа, неверојатната магија е бескраен извор, не само на инспирација, туку и на патриотизам. Овој извор ќе продолжи да се пренесува низ генерациите. Ова го порача бугарскиот претседател Румен Радев во своето обраќање до учесниците  на меѓународниот фестивал „Пирин фолк“ во Сандански каде беше специјален гостин.

Нѐ терате да се соживуваме со самата историја, не само со создавањето на песната, со самата историја на овој бугарски регион и со нашиот бугарски идентитет и за тоа навистина имате важна мисија“, рече претседателот Радев.