Дванаесетчлен контингент на Косовските безбедносни сили учествуваше на мултинационална вежба на обединетите копнени операции во Германија, под името „Комбинирано решавање КСИИ, пренесува КТВ, на албански јазик.
Со вежбите, како што наведува Танјуг, раководело Министерството за одбрана на САД. Вежбата почнала на 9 август во базата на американската војска на Европа во Германија.
Тимот на КБС во оваа вежба, како што се наведува, ја поддржувала првата оклопна пешадиска бригада во областа комуникации, персонал, операции во областа на следење и контрола на развојот на обуката.
За време на обуката, јавува РТК, спроведени се активности на поставување и преместување за потребите за поддршка на тактички операции на првиот снајперски батаљон и за соработка со компанијата „Чарли Комуникејшн Компани“.
Comments are closed for this post.