Албанската полиција, во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга спречи шверц на поголема количина марихуана,чија крајна дестинација била Македонија.

Дрогата била натоварена во комби возило со албански регистарски таблички, кое било запрено на патниот-правец Елбасан-Ќафасан.

Во акцијата, во која биле вклучени и припадници на едницата за брзи интервенции уапсени се три лица, по добиени сознанија дека во фургонот, во кој наводно се транспортирала друга стока, всушност има мархуана.

Во интерес на истрагата, која се проширува и на македонска територија, нема информации за колкава колична станува збор и не се соопштува идентитетот на уапсените.

Во истовреме грчката полиција во близина на Јанина уапсила албански државјанин, кој транспортирал 20 килограми мархуана. Дрогата била пакувана во 39 пакетчња, скриена во неколку делови на возилото, а била открена од куче обучено за откривање на дрогата „неро“