Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет, порача дека „американските војници не се бореле, а некои од нив и загинале, за да се создаде Голема Србија и Голема Албанија на Балканот.

Изјавата на Коснет во интервју за приштинскиот портал GazetaBlic уследи по најавата на лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и кандидат на таа партија за претседател на државата, Рамуш Харадинај, дека ќе оргнизира референдум за обединување со Албанија доколку Европската Унија не го смени односот кон Косово, пред сѐ кога е во прашање либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани.

Американскиот амбасадор вели дека би му било „криво доколку Косовците се откажат од државноста на Косово“.