На повидок е нов скандал поврзан со производството на марихуана и односите меѓу Македонија и Србија. Предраг Колувија, контроверзен српски бизнисмен јавно објави дека бил упапсен во моментот кога тргнал кон Македонија за да земе македонски дипломатски пасош.

 Тој во интервјуто вели дека српската полиција се плашела дека кога тој веднаш и истиот ден би го добил дипломатскиот статус од Македонија, тоа подсцна би го отежнало неговото апсење и кривично гонење.

Колувија беше еден од сопствениците на две фирми во Македонија за легално производство на канабис за медицински цели. Лиценцата потоа му беше одземена  со образложение дека не водела евиденција за секое стебло канабис.

Незаконско одгледување на марихуана е делото со кое српската држава го товари Предраг Колувија. За една година  заработил 3.2 милиони евра од марихуаната пронајдена на неговата плантажа. Колувија во средната на овој месец е уапсен со фалсификувана службена полициска исправа и е откриено дека помеѓу пластениците со органска храна и има марихуана.

Колувија имал удел во струмичка компанија каде сопственик е Горан Крстев, бизнис-партнер на Заеви.

Горан Крстев е лицето кое заедно со Зоран Заев беше амнестирано од Бранко Црвенковски во 2008-та година за случајот Глобал.

Кој е Предраг Колувија

ТоЈ е контроврзен бизнисмен, сопственик на земјоделскиот комбинат „Јованица“. Сега е повторно актуелен откако призна дека во 2019 година полицијци по налог на тогашниот  министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ барал да лаже дека во производството на марихуана во комбинатот е вклучен братот на Претседателот Вучиќ, Андреј.