Двајца српски државјавни се фатени во обид да прошвергуваат еден тон кокаин од Романија во Србија. Тие „робата“ сакале да пренесат со чамец преку Дунав.

Тоде Крстиќ и Ненад Цветковиќ се осудени на девет години затвор во Романија а на судењето признале дека дрогата била наменета на сега убиениот Игор Дедовиќ, водачот на Шкаљарскиот клан.

Шверцот е откриен кога глисерот на кој ја шверцувале дрогата се превртел и кокаинот почнал да „плива“ по Дунав.