Жестока дебата се водеше вчера во Минхен меѓу поранешниот шеф на дипломатијата на Грција и публиката во салата, која кон него дофрлуваше погрдни зборови, а во еден момент се заканија дека ќе го истепаат. Повод за ваквата реакција на Грците во Германија е Преспанскиот договор.

Никос Коѕијас денес ги обвини тие што дофрлаа со погрдни зборови кон него поради надворешната политика и Преспанскиот договор, дека се „десничари и фашисти“

Во Минхен Коѕијас беше жестоко обвинет од неговите сонародници и од претставници на „македонски организации“ за време на неговиот говор, а притоа му дофрлаа навредливи зборови и нарекувајќи го Преспанскиот договор „бласфемија“. Едно време настанала голема тензија во салата, Коѕијас не можел да зборува, настанала мешаница и тие што довикувале биле отстранети од настанот.

По три часа разговори и давање аргумент по аргумент на прашања од фашисти и екстремисти тие почнаа да се закануваат со насилство. Масата се сврте против нив и ги избрка од настанот“, објави Козијас на Твитер.

Весникот „Ефимерида“ коментитра дека Коѕијас не е првиот политичар што за фашисти ги именува луѓето кои се против Препанскиот договор и оти претходно такво нешто кажал и пратеникот од Сириза, Христос Јанулис.